If you want to be unique, you have to stop looking at others

I’ve been on so many couch conferences , webinars , presentations and hangouts lately and I saw how people in these events take an inordinate amount of time to look at the good work of others. Although good examples are useful to take note of, you will never achieve greatness this way. Things won’t magically start happening for your business by osmosis. What the presenters in these online events won’t tell you is that ingenuity takes work and it takes guts to stand out. And you can stand out only if you dig within yourself and bring forward your unique core.

There are no blueprints to your own uniqueness. The blueprint is YOU. Cancel all of your webinars and dedicate that time to discover who you are and what your business is instead. This is what makes a leader. Leaders are the ones paving paths to new, risky uncharted territories. All of the businesses you see in those presentations paved their own way, that is why they stand out. But their success is not yours. It’s time to start paving your own way in your own way.

— — — — — — — — — — — 

I am a brand consultant leading organizations and individuals to their hearts. You can connect with me here:

linkedin

Why managers and leaders need to stop working during the weekends

If you are a manager or a leader, it can be assumed that many people will be expecting your guidance this week. If you worked through the weekend, how are you hoping to lead people in the right direction if you’re not taking the time to lead your own life in the right direction? For many of us the working weekend has become “the new norm” at the cost of our personal time which is crucial for our wellbeing and our quality of life.

A powerful tool that can stop this stream of endless business is reflection. If you delibereately make the time during the weekend, you can reflect on the week that’s passed, the month, the roles in your life, and the desires you have as a human being. Reflection allows you to introduce a deliberate intention in your life as it allows you to plan your day to day and week to week by what’s the most important in your life. Reflection will stop things from getting out of control and will prevent the stream of other people’s worries and plans carry you away by automatic and unconscious doing. You might find yourself being beyond busy the whole week, but not having done anything that will significantly improve your life or business. You would have effectively worked through an “empty” week.

Stop what you’re doing now and honestly ask yourself if what you’re doing is contributing to your quality of life and satisfaction. If the answer is no, then it’s about time that you have a serious personal and professional recalibration.

——————

I am a brand consultant leading organizations and individuals to their hearts. You can connect with me here:

linkedin

За водството и современиот начин на управување со бизнисите

Точните финансиски проекции,  совршена организациска структура и зацементираните оперативни процеси за денешните сериозни бизниси треба да претставуват А, Б и В во нивното работење.  Еден зрел бизнис по правило не треба да пати од лошо поставени или превидени работи во сопствениот ПРОЦЕС. ПРОЦЕСОТ го идентификувам како логичен, стуктуиран и добро поставен систем  кој се почитува и практикува при секоја операција во компанијата, и тоа од  донесувањето на сериозни одлуки од страна на раководството се до утринскиот поздрав на вработениот упатен кон својот муштерија. ПРОЦЕСОТ е системот според кој работите се одвиваат во една компанија.

ПРОЦЕСОТ може да биде многу ригорозен. Ова е последица на неизбежност бидејќи бизнисите имаат реална потреба од него. Еден мал превид и непочитување на ПРОЦЕСОТ  за еден ден компанијата може да ја чини голема загуба и таа загуба може да има сериозни последици:  доцнење на платите за вработените, намалена ликвидност и негативен имиџ кај соработниците,  одложена реализација на планирана инвестиција со што се губи потенцијалниот пазар итн… За серии во непочитување на ПРОЦЕСОТ современиот и сериозен бизнис не смее ни да помисли затоа што тоа би значело стечај, отпуштања и пропаст на трудот што го вложувале работниците низ годините. ДА! ПРОЦЕСОТ може и треба да биде ригорозен.

nasa fallen sattelite
Паднат сателит на NASA затоа што некој не евидентирал дека се извадени штрафовите од количката за пренесување

За жал, скоро секој лек има и свои несакани дејства па така ригорозноста и нефлексибилноста на ПРОЦЕСОТ резултираат со следните симптоми кои највеќе се манифестираат врз работата кај вработените:

  • стрес на работното место
  • ригидност во извршување на обврските
  • инхибиција на креативноста
  • спречување на проактивноста
  • ограничена способност за решавање на секојдневните проблеми
  • отуѓеност во односот со потрошувачите

Ригидноста на ПРОЦЕСОТ на крај резултира со застој во развојот на бизнисот затоа што вработените не генерираат нови идеи кои се потребни за опстанокот на претпријатието на вискоконкурентниот пазар и адаптација при смена на навиките на потрошувачите.

Пради ова современите бизнис мислители веќе подолго време презентираат идеи за поинакви ПРОЦЕСИ кои не само што ги анулираат овие негативни последици туку самата нивна апликација се покажала како метод кој носи подобри финансиски резултати. Како што кажува и самиот наслов на прекрасното видео од почетокот на оваа статија, овој модел на управување (не е веќе ПРОЦЕС) тргнува од внатрешноста на компанијата (раководството)  и преку вработените се проектира во околината т.е. кај потрошувачите. (inside-out) Овој метод е многу поразличен од традиционалниот outside-in метод кој ги следи секојдневните состојби на бизнисот, пазарот и потрошувачите и врз основа на тие податоци раководството, ќе си земам за слобода да кажам, ситуационо ги носи своите одлуки.

Моделот за водството од внатре кон надвор ја претставува парадигмата за автономија и сопствен идентитет на претпријатието. Ова размислување ги зема сите карактеристични поединости на претпријатието и заедно со комбинацијата од неговата историја и проекциите за неговата иднина создава ВИЗИЈА на компанијата која се преточува во ВРЕДНОСТИ со кои во идеални услови е запознаен секој вработен во претпријатието.

За современите бизниси овој модел се покажа како златно јајце. Со негова помош тие полесно остануваат во сеќавањата на своите потрошувачи и тоа го постигнуваат преку пружање на што покарактеристично и поуникатно искуство. За претпријатијата што го користат овој модел клучните зборови се: уникатно, оригинално, свое, карактер, искуство и историја. Ова значајно ги поместува работите во начинот на кои се донесуваат одлуките. Раководствата конечно имат компас кој цело време кажува кон вистинската одлука и тој не се базира врз 12 spreadsheets во Excell туку може гордо да стои во самата канцеларија врамен во формат од еден А4 лист. Овој А4 лист може без проблем да стои и во секоја друга просторија во компанијата и може да го гледа секој вработен. Тоа е и препорачано кога се мигрира кон овој начин на размислување.

Начинот на размислување е и најзначајната промена што се случува е при миграцја од еден во друг модел. Вработените мигрираат од логичен, структуиран, ригиден и крут модел на бројки и правила кон друг модел кој е текстуален, слободен, флексибилен и интуитивен. Тој може да земе и форма на поезија како што е случајот со примерот во видеото погоре. Тој ја разгорува имагинацијата кај вработените, желбата за истражување и обавување на одговорностите на поинаков начин кој е неизбежн0 автентичен.

Но, како овој модел го решава проблемот на креативноста во современите претпријатија?

Да се каже дека интуитивниот метод аплициран во неговиот екстрем во сценарио каде на секој вработен му се приложени визијата и вредностите на компанијата и понатаму тој е слободен да ги извршува своите обврски во рок и на начин како што самиот знае, би било целосно погрешно. „Водството од внатре“ може да успее само доколку во компанијата е веќе имплементиран добро познатиот ПРОЦЕС се со цел да се воспостави основниот начин на работење и да превенираат можните грешки при извршување на обврските. „Водството од внатре“ претставува само чекор напред во современата мисла за раководење со бизнисите додека креативноста се раѓа помеѓу природната спротиставеност на двата презентирани модела. Едниот е логичен и крут а другиот е флексибилен и интуитивен.  Оваа спротиставеност ме потсетува на самата поделба во човековиот мозок. Левата хемисфера е одговорна за прецизноста и техничките работи а десната страна е одговорна за интуицијата и предвидувањата. Според последните истражувања креативноста во мозокот се раѓа во силните врски помеѓу двете хемисфери така што креативноста во компаниите се овозможува преку практикување на овие два модела, но никако самостојно. Овој спој е веќе докажан и функционира во успешните светски компании кои истовремено се пазарно успешни но, кои истовремено со себе носат голема традиција и визија за себеси.

Така се раѓа и моделот за современиот работник. Додека кај едниот модел се раѓаат менаџери способни да ги намалат трошоците и да осигураат прецизно извршување на задачите, во другиот се раѓаат водачи (лидери) со јасна визија за иднината кои можат да ја инспирираат околината да се помести од своето status quo за да стане нешто повеќе. Современиот работник тогаш би бил инспиративен водач со јасна визија кој ќе осигура дека промената ќе се одвива во предвидениот рок, во рамки на предвидените средства со алокација и организација на вистинските луѓе за таа работа. Притоа, тој е растеретен од креативниот блок кој доаѓа природно со превземената одговорност. Дури да се најде во тешка и неповолна положба, визијата во работењето нему му овозможува полесно да се снајде или полесно да се опорави од евентуалниот неуспех.

Ако ПРОЦЕСОТ претставува А, Б и В за компаниите, „Водството од внатре“ претставува Г, Д, Ѓ и Е. Кои букви ќе ни ги донесе иднината останува да видиме. Можноста за поетизација на компаниските вредности е одличен пример за уште еден чекор понапред во мислата за управување со бизнисите.  Имав среќа што денес ја проследив оваа информација и затоа сакам да и се заблагодарам на Бистра Кумбароска (автор на видео клипот од почетокот) којa  ме инспирираше да ја напишам оваа статија.