VIP – Hajde da pričamo druge priče!

Добра реклама е кога уште таа не завршила, а ќе свртиш и ќе му кажеш на тој до тебе: „Wow, ова е добра реклама“. Нам не ни треба многу размилсување да го препознаеме она што е добро, исто како добар автомобил на улица или како добро парче облека на закачалка. Сметам дека оваа реклама ги има тие квалитети.

Сестра ми која е театарски режисер ми кажа дека за една претстава да биде успешна треба да се задоволат само неколку основни елементи од кои ќе парафразирам неколку: претставата треба да одговори на просторот каде се одвива, треба да одговори на времето како даден момент во историјата и треба да одговори на свеста и културата на општеството во кое се прикажува. Сметам дека овие елементи идентично важат и за успехот на една реклама. Текстот, монтажата и камерата уште во првите 3 секунди ја пренесуваат главната порака на рекламата. Таа е слика на денешното општество, нашата загаденост од медиумите, особено интернетот со хејт коментари и пораки кои секојдневно ги консумираме, а ни сметаат. Leo Burnett користејќи го духот на младите успеваат да раскажат приказна за свет кој се гледа со поинакви очи, очи што раскажуваат поинакви приказни. Рекламата е полна со живот и пркоси на сите оние што хејтаат, кукаат и што ќутат. VIP ги повикува луѓето да раскажуваат поинакви приказни.

Оваа реклама за мене е исто и повик за самокорекција затоа што ниту јас не сум имун на создавање на хејт содржина, па морам да признаам дека ми послужи како добар потсетник и огледало 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s