Драго ми е што овој пат ќе пишувам за еден креативен маркетиншки проект кој моментално се спроведува од Nescafe. Станува збор за промоција на нивните два нови вкуса од серијата инстант кесички – долго макијато 3/1 и кратко еспресо 2/1. Некои од жителите на населбата Аеродром во Скопје добија флаерче закачено на нивната влезна врата и на него биле закачени кесичките со двата нови Nescafe вкуса.
Дегустацијата е еден од најефективните начини за промоција на нов прехрамбен производ. Наместо стандардното место за дегустации – супермаркетите, Nescafe ја активирале креативноста и ги изненадиле своите потенцијални потрошувачи со тоа што дегустацијата им ја овозможле во нивниот дом. Тие на овој начин тие ја избегнуваат агресивноста на промотерите и го подобруваат својот имиџ кај потрошувачите со тоа што кај нив будат позитивни емоции – „Штом сум добил подарок, тогаш оваа компанија мене ме цени“. Тргнувајќи од оваа емоционална точка, потрошувачите ќе бидат многу поподготвени да купат било кој Nescafe производ, не само овие два вкуса.
Морам да спомнам дека ова не е прва креативна кампања на Nescafe и оваа линија на производи. Пред неколку години, кога се претставуваа 3/1 кесичките на македонскиот пазар, помнам дека ситилајтите во центарот на Скопје беа преоблечени со огромни 3/1 кесички. Од тогаш па наваму не сум видел друга креативна интерпретација на ситилајтовите како адвертајзинг медиум и затоа можам да кажам дека Nescafe во Македонија е една од ретките компании која е спремна да превземе креативни ризици и да погледне на маркетингот од поинаков агол.
Која е последната креативна маркетинг кампања во Македонија што ви оставила силен впечаток?
P.S. Благодарност до Марија Панкова која ми даде информации за оваа кампања и која воедно го фотографираше флаерот
Лила Филиповска дека ќе оди на Хенри Мур 🙂
Ќе оди и Питу Гули 🙂
by Harald Schenker
aaaaaaaaaaaaaaaa!!!!!!!! :))))))))