Хрватскиот бренд – Dukat (сопственост на Sombolend која пак е сопственост на Lactalis) со PR офанзива во Македонија месец дена откако нивните производи беа повлечени од македонските маркети. Овој текст е објавен во списанието Теа Модерна – 20 март 2013.
Во текстот не може да се пронајде извинување упатено до потрошувачите. Наспроти тоа, акцентот е ставен врз сите чекори кои компанијата ги преземала за да се осигура за исправноста на нивните производи и вели дека проблемот не потекнува од нив туку дека потекнува од несоодветната сточна храна и дека овој проблем е широкораспространет во овој регион. Во текстот дополнително се спомнува дека компанијата самоиницијативно инсталирала систем за проверка на квалитетот на нивните производи, па така сега тие се двојно проверени.
Треба да земеме предвид дека зголемено присуство на афлатоксинот М1 беше пронајдено кај околу 40 производи во Србија со што беа зафатени 6 млекари. И покрај тоа што зголеменото ниво на афлатоксинот М1 беше пронајдено само во еден производ од овој бренд, млекото Дукат 7 витамини, компанијата се одлучи самоиницијативно да ги повлече сите свои млека од пазарот се додека не се инсталира системот за дополнителна контрола.
Овој потег, иако добронамерен, испрати сигнал за паника кај потрошувачите. Најпрвин, контаминираните количини од млекото Дукат 7 витамини никогаш не стигнаа до потрошувачите бидејќи во времето кога државната Агенција за храна и ветеринарство ги вршеше контролите, контаминираните количини беа само во нивните магацини. Второ, иако потегот е доброволен и добронамерен, со него компанијата испрати јасен сигнал на сомнеж во исправноста на своите производи. Така, во текстот објавен во Теа Модерна, како што и самите велат штетата што ја предизвика овој настан за нив е огромна. Се чини дека брендот Дукат го прими најголемиот удар од скандалот кој го потресе целиот регион.
Друга причина зошто ударот беше толку голем за овој бренд е самото именување на производите и бројот на прозиводи кои настапуваат под истиот бренд. Доколку се разгледа производното портфолио на оваа компанија, ќе видиме дека под брендот Дукат се произведуваат околу 50тина производи. Дополнително, овие производи се именувани со генерички имиња како „Дукат свежо млеко“, „Дукат јогурт“, „Дукат овошен јогурт“ и некои варијанти од основата „Дукат“ како на пример „Дукатело“. Оваа стратегија, иако е одлична за препознатливоста на самиот бренд, во случај на ваков скандал, самата стратегија од предност се метаморфозира во ахилова пета. Оваа опасност ги демне скоро сите млекари во регионот, вклучувајќи ги и македонските.
Иако компанијата сега се труди со сите свои сили да ја санира несаканата штета, вклучувајќи и вметнување на знак „Двојно проверени“ на самата амбалажа на млеката, изгледа дека сеуште е рано за враќање на довербата кај потрошувачите. Јасен пример за тоа се реакциите по социјалните медиуми:
