Вовед во студија на случајот „Внатрешно брендирање на Рептил маркетите“

Najdobar prodavac reptil marketi
Од манифестацијата за избор на најдобар продавач на Рептил маркетите

Надворешното брендирање (визуелниот идентитет) иако е важен за општиот впечаток и пораките кои ги комуницира компанијата кон надворешноста не може да биде целосен доколку  истите вредности успешно не се имплементираат и меѓу персоналот на компанијата. Ова особено важи за бизнисите кои фигурираат во услужните дејности каде човечкиот контакт е клучен за опстанокот и успешноста на бизнисот.

Рептил маркетите имаат четири главни компаниски вредности кои се практивкуваат секојдневно од страна на нивните вработени:

1. Напорна работа
2. Најдобра услуга
3. Задоволен потрошувач
4. Прогрес

Целта на внатрешното бренидрање во случајот на Рептил маркетите е да се разбуди свеста за овие вредности кои иако секојдневно се практикуваат, за нив ретко се размислува, дискутира и ретко се земаат предвид кога се носат менаџерските одлуки.

Имајќи ја предвид услугата како главна карактеристика според која овие маркети се издвојуваат од својата конкуренција, неизбежно е компанијата да го вреднува трудот на своите вработени. Затоа компанијата реши транспарентно и јавно да го оценува нивниот труд (услуга). Оцената на трудот се верифицира на секои 4 месеци, па компанијата се реши да организира 3 вакви настани на годишно ниво.

На овие манифестации, покрај наградите ќе биде доделен беџ кој вработениот ќе има обврска да го носи се до следната манифестација. На овој начин тој ќе служи како пример за своите колеги а воедно компанијата ќе покаже пред своите потрошувачи дека услугата и нивното задоволство се нешто што во компанијата сериозно се сфаќа. На овој начин Рептил маркетите земаат еден попозитивен став кон развивање на услугата преку начинот „водство по пример“ наместо досегашното „дисциплинирање по пат на казни“.

Проблематиката на внатрешното брендирање е комплексна работа и неговото успешно спроведување е долгогодишен процес кој бара имплементација на низа различни активности. Треба да имаме на ум дека станува збор за реформа или надополнување на компаниската култура (начинот на кој работите се прават) која во овој случај вработените ја имаат градено долж 17 години.

Едукацијата на вработените за нивниот бренд, воведување на нови алатки при нивното работење, подобрување на протокот на корпоративните пораки (од горе – надолу), посочување на позитивниот пример во работењето и постојаната работа со персоналот се сериозни чекори за кои раководството треба да има зрел и сериозен пристап доколку сака својот бизнис да го доведе до точка кога тој ќе биде препознаван во околината по квалитетот на својот персонал и уникатноста на искуството што го нуди. Уникатноста подразбира искуство кое може да се најде само во една компанија и тоа искуство, потрошувачот не може да го искуси на ниедно друго место. Во оваа насока, исклучително важно е раководството да е на страната на оној чија одговорност е да го спроведе овој процес (обично некој од секторот за марктинг и секторот за човечки ресурси) бидејќи овој тим во текот на својата работа ќе се соочува со сериозен отпор од страна на вработените кои се навикнати на одреден начин на функционирање долг временски приод.

Позитивниот ефект од уникатноста на долг рок е што таа неизбежно ќе придонесе до зголемување на подготвеноста на потрошувачите да дојдат да пазарат во овие маркети, а тоа се преведува како зголемена вредност на брендот. Вредноста на брендот пак е реален економски показател кој особено доаѓа до израз при аквизицијата на еден одреден бизнис. Што поголема е вредноста на брендот – толку поголема е вредноста на бизнисот кој го поседува, преведена во пари.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s