Најдобрите 5 реклами од Super Bowl 2013

Бев прилично радосен што денес можев да ги прегледам сите реклами за Super Bowl (финалето во американско рагби). Многу од луѓето го сметаат овој настан како врв во американската адвертајзинг индустрија.  Има логика. Сепак, за 30 секунди рекламен простор компаниите издвојуваат 4 милиони долари. Штом се трошат волку многу средства, тогаш мора да се прават и прилично квалитетни реклами. Очекувањата се големи, но резултатите се поинакви.

Она што на кратко можев да го заклучам од рекламите е дека адвертајзинг индустријата сеуште се служи со истите трикови од 80тите и 90тите: хиперболата , хуморот и градите. Во минимум 20% реклами застапено (себе) фрлањето низ прозорци или пробивањето на ѕидови со коли, во 40% се застапени градите и во 40% е застапен лошиот хумор.

Целосната листа на реклами од Super Bowl 2013 може да ја пронајдете: ТУКА

Но, во оваа статија сакам да обрнам внимание на (според мене) успешните примери од Super Bowl 2013.

Бр.5 Fiat 500L – Sisters

Прво што се забележува во овој краток клип е позитивната и пријатна фамилијарна атмосфера. Се во врска со сценариото, кинематографијата, монтажата и симпатичниот хумор го пренесува ова. Фамилијарноста е многу важен аспект за Фиат како италијанска компанија. Тие не забораваат да ги искористат своето потекло и да ја употребат италијанската култра како карактеристика што ќе ги издвои на светскиот пазар. Во однос на почитување на сопствениот бренд, сметам дека Фијат со оваа реклама многу успешно ја има завршено својата задача за Super Bowl 2013.

Бр.4 Viva Young Taco Bell

Да се обработи концептот Geezers gone wild (старците сполудуваат) во рекламен спот уште од самиот почеток е ризична работа – темата е веќе обработувана многу многу пати. За среќа, продуцентите и режисерот на оваа реклама работата си ја завршиле многу добро. Како резултат имаме позитивна реклама чија енергичност не паѓа во ниеден момент низ целото нејзино времетраење. Оваа реклама целосно го разбира битот и културата на младите во 2013 – Taco Bell е местото каде сите завршуваме после 3те литри водка и неколкуте линии кокаин (сметам дека првичната идеја на сцената со бабата во WC беше токму тоа). Рекламата е нешто со кое што може и ние, младите во Македонија да се идентификуваме. Се прашувам како би изгледала оваа реклама доколку се направи за „Вили“ (немаме од тоа! сендвич 500ден.. и слични муабети).

Бр.3 The perfect match

Претпоставувам дека оваа реклама многумина од вас веќе ја имаат проследено благодарејќи на некои од нашите портали, и имале зошто да ја споделат. Зачудувачки е она што оваа реклама го прави со психологијата на гледачот. Ако погледнеме под површината на шокот ќе сфатиме дека истовремено во нас се одвиваат неколку емоции: збунетост, копнеж, гадење и на крај задоволство, радост и оптимизам. Гикот во оваа реклама е лик со која публиката се идентификува и преку него таа се себереализара. Рекламата е направена да функционира како оргазам (меѓу другото трае 30 секунди). Она што дополнително ме импресионира е копирајтингот. Секој кажан збор функционира безпрекорно во функција на производот што се продава, a особено последната реченица: “When sexy meets smart, your small business scores”. Интересно е да се проследат реакциите на американската публика во коментарите под овој клип и може да се забележи дека тие се прилично поделени. Бидејќи рекламата е наменета за машката популација, се прашувам какви реакции провоцирала од женскиот пол. Дали тоа ја објаснува поделбата во коментарите?

Бр.2 The Clydesdales Brotherhood

The Budwiser Clydesdales се коњи од расата clydesdale и тие претставуваат маскоти на компанијата Budwiser. Компанијата поседува околу 250 вакви коњи кои се одгледуваат на повеќе локации во САД. Овие коњи имаат особено значење за брендот на Budwiser и приказната меѓу коњите и пивото започнува во 1934 кога синот на сопственикот на компанијата ги употребил коњите за парада низ градот. Тие влечеле кочија со пивото Budwiser и со тоа го симболизирале крајот на прохибицијата.  The Clydesdales Brotherhood се всушност луѓето (кои се вработени во Budwiser) задолжени за одгледување на овие коњи. Рекламата раскажува емотивна приказна за едно мало ждребе (кое всушност е последното родено на вистинската фарма и е старо неколку недели) и неговиот одгледувач и патот кои мора да го поминат заедно во тригодишните припреми за да се спреми еден од овие коњи за влечење на почесната Budwiser кочија. За разлика од останатите реклами, овој клип централното место го отстапува на квалитетното раскажување на една приказна, приказна која е неразделен дел од брендот на компанијата. Публиката уште од самиот почеток се соживува со нејзе и на крајот да може да доживее квалитетна и суштинска емоција која како што кажав е одлично обработена. Како продолжение на оваа реклама, Budwiser им даваат можност на своите Twitter фанови на да го именуваат малото ждребе кое се појавува во првата сцена од рекламата. Проверете го хаштагот #clydesdales

Бр.1 PornHub

На прво место издвоив реклама која што воопшто не се емитуваше за време на финалето. Рекламата е во сопственост на еден од најпопуларните порно сајтови на интернет PornHub. Компанијата ја има направено оваа реклама специјално за овогодинешното Super Bowl финале, но како што веќе спомнав таа беше одбиена од страна на мрежата CBS која има ексклузивно право да го пренесува овој настан. Иако рекламата нема никакви сцени за публика над 18 и иако е скоро асексуална, образложението на мрежата е дека не е дел од нејзината политика да емитува реклами за порнографски компании. Познавачите шпекулираат дека рекламата не е ништо туку трик од страна на PornHub. Имено, сметаат дека компанијата морала да ги знае правилата и политиките на националните телевизии но сепак ја предложила оваа реклама за да привлече внимание. Генијалното во оваа приказна е што тоа навистина се случи! Рекламата е прегледана повеќе од 3 милиони пати на интернет и со тоа воедно вниманието го насочи токму на својата примарна целна група!  Оваа реклама, иако е досетлива ни од далеку не се доближува до генијалноста што е постигната „позади сцената“ во снаодливоста и откривањето на нови рути во маркетингот.

——————————————————————————————————————————————————————————–

Како за крај морам да ја споделам реклама на Мерцедес која ја сметам за најлошата од оваа сезона. Во кратки црти може да се сумира во 3 збора: „Девојка и кола“. Дефиниција  за неинвентивност. They missed a spot indeed!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s