Маркетиншки и медиумски литиум

Фотографиите се споделувани далеку повеќе и привлекуваат далеку повеќе активност од фановите на фејсбук страницата. Она што се случува во последно време е што македонските фан страници се заглавија свирејќи на една иста нота – среќа и инспирација. Се чини дека ваквиот пристап е совршено калибриран според групата која е најактивна на фејсбук – жените. Значи имаме супер рецепт: агенциите создаваат „инспиративна“ сорджина, девојките со задоволство тоа ќе го споделат и на крај клентот е многу задоволен затоа што имаат ФАКТИ и БРОЈКИ, а тоа значи дека нивната кампања е успешна.

Навистина???

Имам минимум 4 проблеми со овој пристап:

1. Се мешаат баби и жаби со тоа што она што би требало да претставува тон на кампањата станува примарна порака за производот или услугата наспроти карактеристиките или вистинската вредност на тоа што се промовира

2. Наместо вистинско вклучување на фановите во брендот, комуникација со фанот (потенцијалиот потрошувач) завршува со самото споделување на содржината.

3. Со промоцијата се тргнува наопаку. Наместо таа да биде слика на она што потрошувачите можат вистински да го искусат во реалноста, на интернет се создава вештачка и нереална атмосфера на „среќа“ и „инспирација“ која во поголемиот број на случаи е нерелеватно за брендот (брендот не може тоа да го исполни) ниту пак значи дека среќата и инспирацијата е она што вистински им е потребно на потрошувачите.

4. Овој тренд е толку застапен низ македонските фејсбук страници што веќе основната порака почна да се губи. Денес на фејсбук среќа нудат и слаткари, и смоки, и пива, и дизајнери, и компании за телекомуникации…

Овој тренд носи голем ризик кај клитентите со тоа што има голема веројатност да даде лажна слика за успешноста на нивната кампања. Секое вложување во маркетингот треба да вроди со реални економски ефекти. Доколку станува збор само за зголемување на свесноста за брендот, дури и тогаш клиентите треба двапати да се запрашаат за усвојувањето на овој пристап затоа што можеби тој нема да го претстави брендот во најдобро можно светло, напротив, се појавува голем опортунитетен трошок доколку би се пристапило на поинаков начин.

На крај, напливот на изнасилена позитивност се прелева од интернетот и во другите медиуми како радиото и телевизијата. Дали станува збор за некреативност на учесниците во создавањето на медиумската содржина или пак реална потреба на нашето општество не сум сигурен. Она во кое сум сигурен е дека ова барем кај мене создава creepy атмосфера слична на филмот Stepford wives. Конзумираме еден вид на медиумски литиум.

Ќе ја завршам оваа тема со следниот спот кој мислам дека многу прецизно ги сумира работите:

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s