Најлошите македонски слогани

Слоганот е кратка реченица која го сумира бренд ветувањето на одредена компанија или концептот на некој производ или маркетинг кампања. Тој мора да биде создаден така што на брз и ефективен начин ќе го привлече вниманието на целната група, мора да го одразува тонот на компанијата и мора да биде единствен во својата содржина т.е. да не наликува на ниеден друг слоган создаден претходно.

Како и секаде, така и во Македонија можеме да најдеме примери од успешни, но и не така успешни слогани. Оваа состојба е очекувана и природна, но сепак многу ме изненадува кога на радио или телевизија ќе слушнам исти слогани стари 15 години. Најстрашното за овие слогани е што тие обично се празни и со себе не пренесуваат никаква порака… претставуваат празно ехо во какафонијата на маркетиншки пораки.

Токму поради упорноста на некои од македонските компании (и институции) да ги користат овие слогани, одлучив да посочам неколку од нив и да објаснам зошто тие не се ефективни и зошто не носат никаква вредност за компаниите што ги користат.


Кога станува збор за промовирање на брендовите, повикувањето на искуството и традицијата е секогаш добредојдено. Во компаниската историја се крие суштината и причината за нејзиното постоење и таа може да биде многу корисна алатака за компаниската промоција.

Нажалост, многу од компаниите не знаат како да го искористат овој адут. Соочени со безизлезноста од нивната некреативност, се чини дека многу од нив преќутно се договориле да делат еден универзален слоган кој се прави по следната формула: слоган = број на години на компаниското постоење + заедно со Вас.

Да речеме дека групното користење на еден ист слоган не е толку страшно (страшно е!). Она што највеќе ме вознемирува кај овој слоган е што тој реално и нема содржина. Искуството како што реков е секогаш позитивно да се посочи меѓутоа тоа треба да се стави во вистинскиот контекст. Освен што овие компании се заедно со НАС (нивните потрошувачи/кленти) НАС не ни е јасно зошто е тоа така и каква реална корист имаме од нивното постоење.

Запомнете. Вие како компанија сте должни да го оправдате Вашето постоење на пазарот и сте должни на своите потрошувачи/клиенти да им објасните како им го олеснувате нивниот живот или како го олеснувате нивното работење. Тоа што сте одредено време на пазарот не прави разлика кај Вашите потрошувачи. Зошто реално би ги интересирало колку време постоите на пазарот? Она што е важно, и што е задачата на Вашиот слоган е да им посочи зошто треба да ве одберат Вас наспроти Вашата конкуренција. Доколку историјата и искуството се карактеристики кои сакате да ги потенцирате, тогаш тие треба да ги презентирате во соодветен контекст како на пример „Носиме насмевки на детските лица од 1968“, „Повеќе од 100 години нашите градби сведочат за нас“ итн. Мојата препорака е да се запрашате зошто постоите на пазарот и кои поволности им ги нудите на Вашите потрошувчи. Штом ги имате одговорите на овие прашања, тогаш многу лесно може да дојдете ефективен и оправдан слоган кој ќе го привлече вниманието на Вашата целна група.

Во следната статија ќе ги продискутирам слоганите: „Вашиот партнер во…“ и „Бидете дел од…“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s