Ред Бул Стратос – падот што ја издигна компанијата до ѕвездите!

Еднаш кога ќе ја сфатите идејата позади Вашиот бренд и останете упорни во нејзината реализација,  како одминува времето, работите ќе имаат  тенденција да одат како подмачкани. Водени од своето едноставно мото „Ред Бул ти дава крилја“ оваа компанија низ годините успеа да даде  неверојатно прецизен фокус на своите маркетинг активности и има(ше) едноставна цел: да ни раскаже и покаже што би можеле да направиме доколку го консумираме овој пијалок. Приказната за Ред Бул никогаш не била за цената, не била за состојките,  ниту била за беспрекорниот дизајн. Приказната за Ред Бул од секогаш била за овозможувањето и поттикнувањето на нивните потрошувачи да направат нешто повеќе и да ги тестираат своите граници.

Жал ми е што претходно немав претходни информации за проектот Red Bull Stratos. Несомнено станува збор за многу сериозен проект во кој се вложиле многу финансии и години планирање. Овие фактори кај мене будат голема фасцинација, но не од гледна точка на менаџирањето и организацијата туку од гледната точка на некомпромитирање на брендот и постојаноста во неговото имплементирање. Може да се заклучи дека во Ред Бул е многу јасно какви маркетиншки и промотивни активности ќе се поддржат. Јасно било уште пред 10 години, а јасно е уште за минимум 10 (можеби и повеќе).  За да се поддржи проект што ќе се развива неколку години потребна е постојаност и неколебливост во својот бренд, и токму тоа е факторот што и овозможи на компанијата да влезе во проект од овој ранг.

Другата работа што ме фасцинира е што преку вакви проекти компанијата се однесува на истиот начин кој им го препорачува на своите потрошувачи. Red Bull Stratos е високоризичен научен експеримент и тоа на повеќе нивоа: финансиски, по репутацијата на компанијата и ризичен по човечкиот живот на пилотот! Ред Бул како компанија преку вакви проекти ризикува и ги тестира своите граници – исто како пилотот и научниот тим во овој проект, исто како пилотите на форумула 1, исто како скокачите од карпи – спортови во кои оваа компанија зема активно спонзорско учество. Компанијата не само што им кажува на своите потрошувачи каков однос треба да имаат кон својот живот, туку таа не се плаши ни да го демонстрира тоа. На овој начин компанијата Ред Бул целосно го живее својот бренд. Таа има бренд од 360 степени.

Учестувањето во ризични проекти е од круцијално значење за напредокот на компаниите, напредокот на брендовите и маркетингот во целина. Ваквите проекти ја прошируваат мапата на можности и мапата на креативните идеи, а креативноста е основниот принцип кој го овозможува развојот.

Ќе си речете дека креативноста е резултат на нетипичното размислување – „thinking out of the box“, но во овој случај, што се однесува до стратешкото размислување имаме многу конзервативно размислување. Ред Бул во ниеден момент не излегоа од своите навики, надвор од она што навистина се. Тие мислеа внатре во својата кутијата, но влегоа толку длабоко што добија резултат што ги однесе до ѕвездите – и буквално и според добиените маркетиншки резултати.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s