Најдобрите 10 македонски пакувања бр.1

Лозова ракија Тиквеш Lozova rakija tives
Лозова ракија Тиквеш | Стаклена амбалажа 700ml | Дизајн: Idea+

Одбројувањето на најдобрите македонски произоди го завршува пакувањето за Лозовата ракија на компанијата Тиквеш. Морам да кажам дека ми е мило што на првото место се наоѓа производ кој е неразделен дел од македонската традиција – ракијата. Таа е производ кој секојдневно се консумира во нашите семејства, домашно се произведува и можеби со неа најчесто се наздравува (присутна е и во многуте свадбени обичаи). Овие одлики ја прават ракијата да биде домаќински производ кој е неразделно поврзан со трпезата, прославите и семејната гордост.

Имајќи го ова во предвид,  дизајнерите за ова пакување усвоиле посовремена естетика која традицијата ја изразува преку деталите во самата етикета но, и преку генералниот впечаток што го создава самата амбалажа.

Предната етикета има соодветни пропорции и одговара на формата на амбалажата. Таа е со црна позадина и врз неа се употребени елементи со златна и бела боја.  Како главен акцент во пакувањето се појавуваат иницијалите LR кои своевидно претставуваат еден логотип/печат за овој производ. Тие се испишани со златна боја и класично писмо со изразени серифи. Златниот баланс во долниот дел го надополнуваат две извиени ленти кои се наоѓаат веднаш под логото на компанијата. Во етикетата се присутни уште две фонта: геометриски безсерифен и полн ракописен. Употребата на различните фонтови е усогласена и  придонесува за одлична разновидност која го интригира окото. Формата на амбалажата е она што му дава посебна вредност на ова пакување. Таа се одликува со елегантни, но сепак покрути пропорции. Основната форма е конусна – со поголема маса кон дното. Ова означува приземјеност и го наговестува машкиот принцип. Наклонетоста кон машкиот принцип е и многу логична бидејќи се смета дека производството на ракијата е машка работа, како што е и наздравувањето при некоја прослава. Најпосле, доколку оваа амбалажа се смали, таа без проблем може да се најде како фигура на една шаховска табла.

Сите елементи во ова пакување вклучувајќи ја и формата на самата амбалажа се дизајнирани со цел да пренесат порака на регалност. Доколку овој производ се најде на трпезата неизбежно е тој да се наметне со своето присуство и може да се претпостави дека тој ден на трпезата се означува некоја посебна пригода.  Иако во пакувањето не се присутни македонските  фолклорни елементи се чини дека тие воопшто недостасуваат. Доминантноста на амбалажата и кралскиот печат во форма на иницијалите LR успешно одговараат на македонскиот патријахален менталитет и нашиот концепт за едно гордо домаќинство. Дизајнерите успеале да го постигнат ефектот на ексклузивност и свеченост без притоа да трошат огромни средства во производството на пакувањето. За брендот на Лозовата ракија на Тиквеш ова е одлично бидејќи производот не е позициониран како ексклузивен па токму преку дизајнот му се додава на перцепираната вредност.

Со оваа статија завршува одбројувањето на 10те најдобри македонски пакувања. Ве поканувам слободно да го споделите своето мислење за оваа листа и избраните производи. За најдобрите пакувања ќе посветам уште една статија  во  која ќе се обидам да откријам што ги разликува македонските пакувања од останатите и на кратко ќе ја сумирам состојбата на македонскиот пазар од аспект на македонските брендови и нивната поврзаност со дизајнот на пакувањата.

КОН МЕСТО бр.2 и бр.3

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s