Најдобрите 10 македонски пакувања бр.3 и бр.2

Limited Edition 2005 – Тиквеш | Стаклена амбалажа 0,75l | Дизајн: Idea+

На второто место се наоѓа пакување од она што Македонија најдобро го изработува, нашиот вистински бренд – виното, а кој друг би го имал едно од најдобрите пакувања во оваа категорија ако не Тиквеш. Тиквеш е компанија која функционира повеќе од 100 години и низ годините има демонстрирано флексибилност и издржливост за одржување на на својата основна дејност прераснувајќи во синоним за винопроизводството во Македонија. Богатата традиција на оваа компанија и дава знаење, основа и право во своето портфолиото да го вклучи и еден од најдобро познатите македонски  брендови – Т`га за југ, вино кое во 1973г е создадено во чест на Струшките вечери на поезијата. Иако (нажалост), пакувањето кое го  издвојам во оваа листа не се однесува за ова вино, на второто место станува збор за одличната амбалажа на вината под името Tikves – Limited Edition.

Како што кажува и самото име, станува збор за ексклузивен производ кој подразбира дека ова вино би се купувало со намена да биде консумирано во посебни пригоди или пак би било подарувано како соодветен подарок. Имајќи го ова предвид,  дизајнерите имале за задача да обликуваат пакување кое ќе ги пренесе овие карактеристики. За оваа цел тие ги искористиле двете најексклузивни бои: црната како доминантна  и златната како одличен и соодветен акцент. Наспроти црната амбалажа, златната највеќе доминира во долниот дел од етикетата во форма на декоративна лента и на горниот дел од како дополнителна заштита на амбалажата. Покрај логото, останатите делови од етикетата ги сочинуваат две површини кој уште еднаш се усогласени со ексклузивната природа на производот. Врз горниот дел од етикетата е аплицирана текстура од стара хартија врз која со елегантен ракописен фонт е испишано името “Limited Edition”, а под тоа се наоѓа црна површина каде со класичен серифен фонт е испишан видот на виното и деталите за пакувањето. Малата димензија на фонтот ги прави натписите дискретни што претставува уште еден сигнал со кој се наговестува префинетоста на производот. Она што можеби го прави ова пакување највпечатливо е самата форма на амбалажата која е елегантна и издолжена. Овој дизајнерски потег е уште еден полн погодок бидејќи принципот на вертикалност претставува стремеж кон небесното, духовното и идеалното. И уште еден многу интересен детал е што ова пакување успева да го плени вниманието без скапи аксесоари што можат често да се најдат со пакувањата на ексклузивните алкохолни пијаоци. Креативниот тим преку дизајнот не само што успеал да го разграни овој производ, туку успеал да му даде дополнителна вредност надминувајќи ја потенцијалната пречка од релативно евтините материјали употребени за ова пакување.

Пакувањето на  Тиквеш Chardonnay Limited edition е дизајнирано со една  јасна намера – да даде облик на едно екслузивно вино. Без какви било резерви можам да кажам дека оваа цел е постигната и тоа може да се заклучи уште од првиот поглед кон ова шише. Ова пакување се издвојува од останатите и веднаш го привлекува вашето внимание доколку барате ваков вид на производ. Крајниот впечаток што го оддава ова пакување е заокружен и според својата функција – многу добро издржан. Единствено можам да забележам е тоа што во споредба со другите пакувања на Тиквеш, ова вино дури и премногу се издвојува па можеби би било добро да се интервенира и кај остатите нивни пакувања за да се види малку повеќе „боја“ и поголема автентичност која повеќе ќе го одразува географското и националното потекло на вината.

Alkaloid Good Nature tea
Овошен чај Good Nature – Алкалоид | Картонска кутија, 20 филтер кеси

На третото место се наоѓа според мене едно од највпечатливите пакувања што може да се најдат на македонските рафтови. Овошните чаевите на Алкалоид Good Nature не се издвојуваат само во својата категорија, туку тие се издвојуваат од било кој друг производ што може да се најде во маркетите.

Овие чаеви беа првите во Македонија што го почнаа трендот со плоштното боење на пакувањата, конкретно со белата боја. Димензијата на картонската кутија е стандардна со тоа што пакувањето може да биде поставено вертикално и хоризонтално во зависност од условите на малопродажниот објект. Вертикалната страна е резервирана за англискиот додека хоризонталната за македонскиот јазик. Прво што паѓа во очи од ова пакување се прекрасните фотографии од свежи производи кои соодветствуваат на самата содржина на чајот. Фотографиите како визуелнен сигнал се сосема доволни за распознавање на содржината производот така што во некои случаи дури и нема потреба од текстуалниот опис на пакувањето. Ова претставува одличен ефект за овој бренд на чаеви бидејќи потрошувачот ја добива информацијата за посакуваниот производ многу порано одколку од кај другите конкурентски брендови.

Другиот елемент што се издвојува на ова пакување е логото кое ги балансира современоста и традиција.  Неговата едноставност е во одличен контраст со релативно хаотичната позадина. Во црниот правоаголник се впишани бели капитални букви со класичен карактер и минимален сериф. Двете букви О пак го опишуваат знакот на бесконечноста кој е симетричен и балансиран. Со овој потег дизајнерите ја наговестиле дека станува збор за здрав производ и бренд воопшто.

Она што највеќе ме фасцинира кај ова пакување е едноставноста во неговото решение. На кратко, станува збор за 3 елементи: фотографија со бела позадина во овошје во крупен план, лого и опис/текст. Оваа формула е аплицирана кај сите други Good Nature овошни чаеви и секогаш беспрекорно функционира.  Во овие пакувања не би можело да стане збор за минимализам туку за едноставност, меѓутоа токму оваа едноставност ретко се гледа кај останатите македонски пакувања кои се трудат да стават секакви информации на своите етикети.

Пакувањата на овие чаеви стојат како одличен пример за современоста  на македонските креативни студија и македонските компании. Ова пакување во ниеден свој елемент не заостанува од моменталната практика во светот па дури може да послужи како успешен case-study во странство. Во ова пакување целта да се постигне максимизација на продажбата е целосно постигната, прво со предвремено испраќање на сигналот кон потрошувачот и второ со издвојувањето на пакувањето од конкуренцијата преку доминацијата на белата боја. Вредно е да се спомне дека Good Nature чаевите имаат и серија на органски чаеви кои исто така се одликуваат со одлични пакувања но, за жал не се наменети за македонскиот пазар.
КОН МЕСТО БР.4 И БР.5

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s