Најдобрите 10 македонски пакувања бр.6

Скопско лименка 0,5l
Скопска Пивара – Скопско лименка 0,5l | Дизајн: Idea +

Скопско е производ со огромна традиција. Неговото производство почнува во 1924 и успева да се одржи на пазарот скоро 90 години. Денес тој котира како еден од најпознатите брендови кои се консумираат во државата и ужива голема репутација меѓу населението. Бидејќи станува збор за производ со огромна традиција неизбежно е од тој аспект да се разгледа и  приказната за неговото пакување.

Приказната за пакувањето на Скопско почнува да завзема сериозен тон во 1991 година со самата приватизација на компанијата. Таа година прв пат етикетата на производот графички беше обликувана со сериозна маркетиншка намера да се модернизира производот. Резултатот беше добро познатата златна етикета која опишуваше техничка мрежа во која беа сместени три заоблени стрелки: розева, жолта, црна и името на производот со еден модерен безсерифен фонт. Она по што ќе стане етикетата на ова пиво препознатлива во следните години е токму третманот на фонтот кој од 1996 па наваму станува серифен. Одлуката да не се смени стилот на фонтот се до денес е детал кој многу добро е употребен од дизајнерските тимови затоа што серифниот фонт секогаш означува традиција и мајсторство, а околу овие внимателно одбрани карактеристики пак е изграден имиџот на самиот бренд.

Иако флашата од 0,5l е синоним за овој бренд, сметам дека лименката од истата литража најуспешно ја пренесува идејата и пораките кои му се испраќаат на потрошувачот за (ре)дизајнот на Скопско како и информациите за тоа кое ниво на современост овој бренд денес го има постигнато.

Како што и претходно споменав, станува збор за бренд кој се потпира на традицијата па генералниот  впечаток што го остава ова пакување е конзервативен (што во случајот е многу соодветно). Доминантните бои искористени во лименката се зелената која алудира на традиционалната боја на стаклото (шишето) и  златната боја што го одразува квалитетот и зрелоста на житарките од кои се прави пивото. Иако од неа нема потреба, целосниот дизајн на етикетата и нејзините елементи се пренесени и врз дизајнот на лименките. Етикетата ја нема сменето многу својата содржина од 1996г наваму.  На средината како и што може да се очекува се наоѓа името на производот со веќе препознатливиот безсерифен фонт испишан врз илустрација на зелена лента. На врвот од оваа лента може да го видиме логото на Пивара Скопје додека на долниот дел може да се забележи симетрична илустрација од јачменови гранчиња. Назнаката за светло пиво е испишана во црвен ракописен фонт под кои се наоѓаат 7те медали за квалитет што ги има добиено овој производ низ текот на годините.

Доколку запреме тука со анализата ќе кажеме дека ова пакување и нема што многу да покаже но, вистинската магија се наоѓа во деталите кои се наоѓаат надвор или помеѓу главните делови на пакувањето. Она што е најфпечатливо во лименкта се финесите во употребата на различните нијанси на златната боја и акцентите на белата и сребрената (бојата на самата лименка) со цел да се постигне посакуваниот современ и софистициран ефект. Играта со различните нијаси на златната може да се забележат во позадината на етикетата додека акцентите на сребрената и белата може да се видат во самите букви на логотипот и секаде каде граничат две различни бои. Интересен е и златниот растер кој е  употребен на белата површина од етикетата кој на лименката и дава дополнителна тродимензионалност. Овие финеси укажуваат на тоа дека за ова пакување се направени многу прототипови, потрошено е многу време и за неговото создавање е употребено последното од она што може да го понуди технологијата.

Се чини дека Скопско ги има исполнето сите сериозни услови да биде најуспешниот домашен бренд. Сериозниот маркетиншки пристап уште од самото приватизирање на компанијата во 1991г, сериозноста кон визуелниот идентитет, свеста за сопствениот бренд,  неговото одржување и осовременување поддржани од континуираното медиумско присуство со легендарни кампањи се факторите  кои му ја донесоа привилегираната позиција на овој бренд денес. Во иднина од Скопско може да го очекуваме клучниот елемент за еден бренд , а тоа е постојаноста. Постојаноста да се задржи истиот рецепт, традиционалниот изглед…  меѓутоа и постојаноста брендот да се адаптира на промената на пазарните услови и светските глобални трендови.

КОН МЕСТО БР.7 И БР.8

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s