ДЕТОКСАЛ – рецепт за ужасен маркетинг

Денес налетав на една мноооогу лоша фејсбук кампања. Не само што е лоша туку е и злобна!

Детоксал Викенд  таблетите од Фитофарм наводно се рецепт за добра вечер. Детоксал Викенд таблетите ти овозможуваат не само да се начукаш ко стока туку и да се чувствуваш свеж ко зелка следното сабајле. Детоксал Викенд ќе ти ги реши сите проблеми, ју диг ми? ОК, сум ја видел нивната страна претходно – кул… кул… ама со кој памет им е актуелната „лајк“ кампања?

Правилата се следни: Постирај интересна фотографија од некоја забава, собери највеќе лајкови на твоја фотка и како награда добиваш ваучер од 4000ден да го потрошиш во кафана по твој избор. На нивната фан страница кампањата се рекламира на следниот начин: Кафанче со жива музика, а потоа сепаре со неограничено пиење во вашиот омилен ноќен клуб, и сето тоа платено… кликни  тука веднаш!

МОЛИМ?!?!?

Ок… значи… добиваш награда… неограничено пиењеее… ииии… после  треба да се напиеш од апчето за да ти биде подобро.?. Ммммм, дали јас нешто  не сум во ред или кампањата е насочена кон создавање симптоми за да се троши нивниот лек (упс, додаток во исхраната)? Кога ја видов кампањата си ги  замислив добитниците како ги испраќаат со еден пластифициран ваучер и едно пакетче Детоксал ама Викенд – за добар провод.

Следна слика…

Четврток, темна зачадена просторија, рока Шемса Суљакович – Разбио си чашу! Бел чаршав со флеки од зејтин, вода, вино и рендано сирење од шопската. Друштвото се собрало да го прослави 19тиот роденден на Валентина. Валентина е од Кратово и дојдена е во Скопје да студира за учителка на педагошки. Не е многу комуникативна но, во друштво и под дејство на алкохол често знае да биде центар пажња. Денес е посебно среќна. Едно што и е роденден, друго што може да го заштеди буџетот на своите родители благодарение на Детоксал Викенд. 4000 денари! К-чинг! Има уште нешто, таму е и нејзината симпатија Игор. Тој со двете раце е цврсто потпрен на долгата маса и рамениците малку му се потсобрани. Освен најдобрата другарка на Валентина по име Наташа која седи до него, тој тука не знае никој. Единствената причина поради што е тука е токму Валентина. Не е тајна дека Валентина и нему малку му се потсвиѓнува. Валентина пак, е веќе качена на стол и несмасно се клати на гласниот турбо фолк. Меѓу своите прсти едвај додржува мрсна чаша шприцер. Валентина пие шприцер но, чашата и е од  шампањско. Кафанџијата се погрижи само таа да има специјална чаша, сите други пијат од обичните кафански чаши. Оние за вода.

Валентина и Игор немале до сега шанса добро да се запознаат, што поради нивната срамежливост, што поради нивните неумешни другари. Оваа ситуација вечерта резултира со кратки и срамежливи погледи еден кон друг проследени со срамежлива насмевка и повторно укопување на погледите, што во тањир во случајот на Игор, а што во лустер во случајот на Валентина. Тензијата ги тера и двајцата да се напијат по уште една голтка за опуштање, можеби ако се опијат доволно, конечно ќе имаат храброст да прозборат меѓу себе.

Вечерта поминува. Песна по песна и чаша по чаша доаѓа моментот кога треба да се продолжи на друго место. Муабетот е дека ќе се оди во Мамас. Мамас многу и одговара на Валентина зошто тоа е локалот каде таа најмногу се опушта. Реши дека во Мамас дефинитивно ќе му каже на Игор дека и се свиѓа.

Сите одат освен Наташа. Валентина ја моли да остане, но веќе и беше кажано дека утре има испит и дека мора да си оди да спие. Валентина нетрпеливо го очекува одговорот на Игор но, тој вели дека е уморен и дека нема да може да им се придружи. Игор уствари ќе останеше да не беше резервираниот однос на Валентина која вечерта освен ненадејните погледи кон лустерот што ја откриваа нејзинта нервоза, не покажа дека е заинтересирана за него. „Кој ја врти фуфава! Наташа и не е така лоша, одамна ми се смешка она…“ – рече алкохолот во него и и предложи на Наташа да ја префрли до дома – дојден е со кола. На Валентина и пукна филмот но, како славеничка вечерва таа нема да дозволи да се депримира. Во истиот момент решава дека ќе се смува со некој тип од Мамас – „Кој го врти сељаков“! Сите се качуваат во такси, за кое се разбира треба да си платат (Детоксал викенд не го покри овој трошок) и одат  накај Мамас. Музиката е топ! Лоба рока и се е кул. После литро и пол вино, на Валентина сите мажи и изгледаат јебозовно. И се допаѓаат дури и старците од по 40 години кои претходно не можеше да ги поднесе. Понесена од претходно неканализираната негативна енергија кон Игор и 1,5 флаша вино во нејзе, се упати на шанк за да си нарача сечен коњак. Ја остави својата фенси ташничка со шљокици на шанкот и тоа беше последното нешто на кое можеше да се сети од  таа вечер.

Следното утро ја разбудија одбиените зраци зимско сонце од шљокиците на нејзината мала ташна што беше фрлена на земја. До нејзе беше некој влакнест господин што мирисаше на пот. Имено, и таа се лепеше целата. Јасно беше дека вечерта имале секс. И заѕвони телефонот. На телефон беше сестра и. И кажа дека Наташа не отишла сабајлето на на испит. Наташа е во болница и е во критична состојба. Игор… Игор починал. Имале сообраќајка. Се зализгале на мраз и удриле во некој ѕид. Така и кажа сестра и. Рече „добро“ и го прекина разговорот. Со подотворена уста, во транс стана да ја отвори својата мала ташничка. И требаше некое апче. Внатре во ташната имаше пари, мастики и Детоксал Викенд. Немаше ни кондоми.

Final verdict:

Валентина на страна, сметам дека Детоксал Викенд преку својата фејсбук кампања на голема врата го промовира пијанењето како животен стил и како нешто што е многу забавно и многу кул. Сумирано нивната рекламна порака е: „Пиј колку сакаш без гајле зошто си го имаш Детоксал Викенд“. Моменталната фејсбук кампања пак, се израмнува со истото сценарио кога фармацевтска компанија која произведува лекови за срце би доделувала една недела секој ден гратис јадење во Седмица доручек, ручек и вечера + гратис Кока Кола. Меѓувреме постојано ви поставува анкети за тоа што ќе јадете денес: лесковачка, фамилијарна пица или чварки. Во нивните промотивни материјали нема ни трага  од тоа дека алкохолот треба да се консумира одговорно и што е најстрашно уште од самиот почеток ја таргетирале младата популација во Македонија со промовирање на животен стил кој може да има сериозни последици по сопственото здравје/добросостојба и здравјето/добросостојбата на другите.

Без многу филозофирање, команијата дава 4000 денари на група млади луѓе за да се испијанчат! Непромислено, неодговорно и злобно!

7 thoughts on “ДЕТОКСАЛ – рецепт за ужасен маркетинг

  1. Definitivno los pristap i losa kampanja, za ova moralno opstestvo. Jas definitivno mamuren se budam i dobro bi mi dosol toj porok! 🙂

    i koja glupost e ova koga like imam staveno
    Email address required
    Name required

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s