THE POWER OF VISTINSKI KASKAVAL (PICCOLА ITALIA)

The power of vistinski kaskaval
The power of vistinski kaskaval

Ок, признавам, имав многу обврски на работа… акции, анализи, планови, обуки и какви ми ти не други обврски кои многу си ги сакам. (Сори ама не сум од типците што си ја мрази работата или што има уплав од шефот – get over it and move on.) Ми стана јасно дека немам време да пишувам многу постови на блогов па изгледа дека не треба ништо ни да ветувам во иднина – требаше да ја продложам приказната со Nescafe ама не успеав. Она што е важно е дека светот му се смири на Nescafe но, социјалните медиуми и натаму продолжуваат да им задаваат главоболки на светските брендови. Најнов пример е McDonald´s со нивната tweeter кампања, а ако сте забележале често на удар се и нивните постовите на македонската Facebook страница.

За малку ќе напишев дека не им оди баш со Facebook страната ама баш вчера си земав чизбургер оброк од кај нив само затоа што бев љубопитен и сакав да видам кој е просекот на негативни коментари кај нив за даден пост. Значи ни две ни три, од сеир отидов да си купам оброк! Истото ми се случува и кога спремам каталог, ќе одам да си купам нешто од маркет само затоа што сум ја спремал дадената слика од производот за принт. Ако јас успевам сам на себе да си го продадам мојот производ, колку им треба на другите да ви го продадат нивниот? Дем ит! А денес слушнав и друг случај кога на една од раководителките на нашите маркети муштериката и кажала колку е вкусен сосот што оди гратис со нашите шпагети на викенд акција и раководителката отишла да си го купи производот! Од денес натаму имам нова дефиниција за добра услуга: Имаш добра услуга кога муштеријата може да ти го продаде производот што сам го продаваш!

Колешката ми го кажа ова денес на обуката која се одржуваше близу Универзална, а близу Универзална се отвори нов италијански ресторан Piccola Italia – сигурно сте го виделе ресторанот. Приказната со нив почна пред 2 недели кога сакав да дознаам кој им ја брендира нивната хартија за пецива. Се јавив два пати кај нив и два пати не добив одговор – „Немам никој од менаџментот моментално, оставете број ќе ви се јавиме“. Ниту ми се јавија ни бутур. Од инат сакав да отидам лично кај нив и лично да прашам за таа инфомрација но, за среќа го најдовме производителот меѓувреме. Два дена подоцна другар ми ми кажа дека луѓето се фалеле од нивната храна така што денес ми се укажа супер прилика да ги посетам, прво заради инат и второ добра храна. (ме држеше уште инатот).

Прво нешто што ќе забележите е дека нивната светлосна реклама е најсветлата во Скопје моментално. Немам ништо против светли реклами – баш се добри за продажба само што исто така ја засенува најубавата фасада во Скопје моментално. (ова е чисто субјективен коментар но, многу ја сакам таа фасада) Чисто за споредба 20 метра подоле видете ја интересната фасада на зградата кај Неуромедика и нивната светлечка реклама (oh the pain).

Дур се доближував до ресторанот не ми беше јасно во што влегувам. Дали е ова фенси ресторан? Дали е ресторан за брза храна? Дали имаат места за седење? Дали имаат исклучиво цели пици или пици на парче? Имаа табла надвор на која од едната страна пишува Fritti. Ова ништо не ми објасни, напротив уште повеќе ме буни – што се тоа Fritti!? За среќа од другата страна пишуваше Pizza и соодветни цени од 50-70 ден што би одговарале за 1 парче. Тоа ме охрабри и влегов внатре.

Внатре повторно ме пречека непознат концепт. Прво ме пречекаа ситни колачи поставени во огромни послужавници, потоа касата и потоа голем ред изложена солена храна – прво лазањи, макарони, пици и на крај претпоставувам Fritti. Набрзо сфатив дека е систем на самопослуга и дека можеби е ресторан за брза храна. Морам да признаам дека се изгледаше многу вкусно и примамливо. Го разгледав менито и цените ми изгледаа многу пристапни. Искрено не знаев за што да се одлучам бидејќи пица пакино моцарела или паста аматричиана мене ништо не ми значи. Она што можев да разберам се само цените па така на крај се одлучив за она што изгледаше најпримамливо – а тоа испадна дека се лазањите боскајола. Вработената ми ги кажа состојките во лазањата и наеднаш тие ми станаа уште попримамливи. Морав да почекам да ми ги загреат, а знаете што значи за вкусот кога ќе ви ја загреат храната… Предрасудите се опасна работа.

Девојката ме испрати со „Пријатен апетит“ и се упатив на првиот спрат кој е адаптиран за подолг и поудобен престој за разлика од приземјето каде треба да јадете на излог – Вегера style. (Понекогаш одам во Вегера намерно да зјапам во фаците што поминуваат на тротоарот – и во тоа има возбуда). На вториот спрат беше потопло за 5 степени затоа што под вашите нозе се наоѓа кујната (веќе премногу сличности со Вегера – претпоставувам ненамерни). Се упатив кон тоалетот кој бунеше со дизајнот – елементи на кич комбинирани со многу добри дизајнерски парчиња. Кичот се прелеваше и во самиот простор за седење и се манифестираше преку некои светкави тапети. Дизајнот на ентериерот ја оправдува својата задача ама му фалеше да биде постојан во префинетоста (trololol). Нешто што ретко се среќава по македонските локали е што толетот беше ароматизиран со квалитетна арома што претпоставив доаѓа од посебен апарат кој не можев да го лоцирам баш во тоалетот но, најдов еден под скалите кај самата фонтана. Не знаев за точно која арома се работи но, одлично се вклопуваше со аромата на јадењата што се нудат во ресторанот.

 Конечно седнав да ги јадам моите лазањи и првиот залак беше….

.

.

.

.

.

РАЈСКИ!

„Зошто се волку вкусни лазањиве?!“ „Чекај малку…“ (земам уште еден залак) „…кашкавалот е млечен!“ Во истиот момент ми текна дека не сум пробал квалитетен кашкавал во италијанска храна во МК уште од времето на Трст виа Скопје! Второто нешто што го забележав беше што лазањите беа многу свежи без разлика тоа што претходно беа затоплени, а пармезанот беше вистинска бомба! Ги смафтав за 5 минути и си реков дека мора да ги пробам и пиците. Земав капричиоза за носење – 70 ден, а за милиметар не купив и од колачите (stop judging me!). Дечкото на каса ми се обрати вака: „Случајно да не ти се наоѓаат 20ден?“. Не ми се ми најдоа ама и чудно ми дојде што толку „кул“ дечкото се однесуваше со мене, посебно кога неговие колешки ме персираа. Капричиозата ми ја спакуваа во нивната фина брендирана хартија (таа за која се јавував). Kапричиозата наовдно се прави со пршута и варени јајца што е прекрасна комбинација. Во тој момент ми идеше да му се јавам на другар ми и да му се раздерам: „Што ти е на тебе! Храната во Picolla Italia не е добра – таа е ФАНТАСТИЧНА!“ Веднаш по моето заминување се запрашав дали имаат достава… Ги земав нивните флаерчиња и ценовник и видов дека всушност имаат некоја мапа каде ја дефинираат зоната на бесплатна достава + околни реони кои искрено не знам што значат!

Бидејќи инвентарот беше од Италија, храната беше стратешки наредена и бидејќи во локалот ненормално многу се обрнува внимание на квалитетот се запрашав дали овој ресторан работи по лиценца. Ја отворив веб страната на ресторанот и ме пречека… на изглед нешто скромно со следната информација: “Piccolaitalia е формирана во Рим во 1958 година. Набрзо станува еден од водечките пицерии во Рим, а подоцна и во цела Италија. Кон крајот на 2011 година се роди идеата за отварање на првиот ресторан во Скопје.“. Го барав ресторанот на Google половина час за Рим и други локации и не можев најдам друг. Зошто ресторан во Италија би се викал „Piccola italia“? Нели е тоа покарактеристично за име на италијански ресторан во некоја друга држава? Друго што ми стана чудно е зошто цените на производите се ниски? Таквиот квалитет со себе подразбира и висока цена на производот… да не збориме за времето во кое инвестицијата треба да се врати ??? Се надевам дека набрзо овие работи брзо ќе ни се разјаснат.

Final verdict.

Прекрасно! Piccola Italia ги има сите предуслови да прерасне во еден од водечките локали во Скопје бидејќи ги има сите потребни предуслови за успешност за еден бренд. Најсилната страна во моментот на овој локал е што околу него се крева прашина, а постои еден месец на пазарот. Покрај 1000ците пицерии и пекари што нудат италијанска храна и покрај презаситеноста на македонскиот јазик со италијанската кујна, овој локал успева да не почести со својата aвтентичност преку својот концепт и вкусот (Piccola Italia – сите вкусови на Италија во Скопје). Дополнително, успева да им конкурира на останатите со нивото на квалитет и ниската цена (Жу-Жу – I spit on you!). Можеби треба да обрнат повеќе внимание на деталите во услугата (уште ме држи лутината) и презентацијата (производи без наведени состојки, флаерите и веб сајтот не се на завидно ниво). Останува да видиме дали компанијата ќе успее да се одржи на пазарот со ниските цени и дали ќе успее да биде постојана во нивото на квалитетот во сите свои области. Само на тој начин еден нов бизнис може да го осигура статусот на силен бренд, а имам чувство дека за овој менаџерски тим тоа е главната цел.

п.с. инаку сосот за шпагети и макарони стварно е фантастичен, си го направив за вечера

п.п.с. денес изедов толку многу вкусна италијанска храна што не е фер

4 thoughts on “THE POWER OF VISTINSKI KASKAVAL (PICCOLА ITALIA)

  1. Не сум пробал сѐ уште, ама моето око од еден поглед вели дека не е италијански бренд и не е од 1958, па да ме утепаш! 🙂

    1. Треба да се потрудат да ни објаснат околу тоа… Ептен е правен by the book али ни траг ни глас од некаква претходна приказна…

  2. abe kakva 58ma luge 🙂 nema tamu postaro neshto od 2000-ta, vklucitelno site kafani u toj red… however, ja ne prezivuvam bas mnogu u restorani sho se osvetleni kao stadion na utakmica 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s