NESCAFAIL – битката за правда опишана од страната на потрошувачите

nescafe scumbag 9 gag
Scumbag Nescafe VS 9gag


(Во оваа статија можете да ги дознаете сите детали околу битката помеѓу Nescafe и сајтот за хумор 9gag од прва рака – како еден од војниците кој се бореше против неправдата на Nescafe. Во следната статија ќе се фокусирам на пропустите што ги направи Nescafe и ќе пишувам за поуките кои компаниите можат да ги извлечат од овој судир)


Брендовите се создаваат да ги сакаме. Тие почнуваат како и секоја љубовна врска. Немаме избор кога се вљубуваме и не сме свесни кога настанала таа промена кај нас. Секој контакт со брендот кој го сакаме за нас претставува задоволство и ние имаме доверба во него.  Тој секогаш ни го дава она што го сакаме и никогаш не би не повредил. Таа доверба создава сигурност и лојалност. Но, како и во секоја љубовна врска работите можат да тргнат на многу лошо штом таа доверба се проневери. Сепак, никој не може да не повреди како оној што го сакаме. Поигрувањето со довербата на потрошувачите било тоа да било на намерен или ненамерен начин за сопствениците на брендовите е многу ризична работа. Одеднаш сета љубов што потрошувачот ја негувал кон брендот се манифестира како гнев кој може значително да напакости на бизнисот. Сведок бев на една таква случка со брендот на Nescafe која ја следев околу 3-4 дена.

Nescafe консумирам скоро секој ден и во контакт сум со него уште од дете (опашка се убедував дека расне само од турско кафе). Дури можам да кажам дека го сакам. Можам да кажам и дека меѓу нас цветаа рози… се до пред некој ден. Тогаш на Nescafe му објавив војна. Наспроти мојата професија, кај мене последните неколку денови немаше сочуство за колегите од другата страна, за маркетинг и бренд менаџерите. Не! Се борев за нешто повредно од тоа – за довербата која заедно ја градевме скоро 20 години.

За да биде сликата појасна морам да ви кажам и неколку збора за 9gag. 9gag е сајт со хумористична содржина.  Членовите на сајтот имаат развиено сопствена култура и заедница која во последно време покажува високо ниво на свест, хуманост и солидарност. Приказната почна токму на оваа мрежа. Еден од членовите – János Szolnoki побара помош од 9gag заедницата со тоа што повика да го лајкнеме неговиот видео клип што е дел од онлајн натпревар организиран од Nescafe Hungary. János има 11 годишен брат Milán кој е хендикепиран од раѓање и János прави неверојатни работи за него: го носи на пливање, заедно возат точак, одат на излет па дури и искачуваат врвови од планини. Овие нешта за  Milán би биле невозможни доколку би го немал неговиот неверојатен брат. János влегол во натпреварот со надеж дека ќе ја освои наградата од $5000 што ќе му овозможи да приреди неверојатен Божиќ за неговиот хендикепиран брат. Со 3000 лајкови тој би можел да ја освои наградата бидејќи бројот на лајкови е еден од условите што Nescafe Hungary ги предвидува за овој натпревар. Еден и пол ден подоцна János доби 46 000 + лајкови на неговото видео (повеќе од официјалната група на Nescafe Hungary) со што целата заедница помисли дека победата е загарантирана. А Јас? Јас се почувствував супер! Па направив добро дело!

Но, по 2 дена налетав на Followup-от од János. Тој рече дека е дисквалификуван од натпреварот поради наводна измама. Ова беше причината за која се мобилизираше целата 9gag  заедница и организирано ги нападнa сите онлајн содржини што Nescafe ги имаше поставено на социјалните мрежи. А јас? Морав да завземам страна бидејќи и во двете сценарија ќе испаднев предавник. Ја одбрав страната на János и 9gag. Сепак, човечноста е нешто што е повредно од корпоративните процедури кои како да се створени да ја голтаат таа наша карактеристика.

Коментарите под followup-от ведаш водеа до Facebook страната на Nescafe Hungary. Таму ме пречекаа коментарите на 9геговците полни со гнев: “Scumbag Nescafe”,  “Nescafail”,  “You’re full of sh*t… NEVER DRINK NESCAFE AGAIN!”. Ги разгледав коментарите па решив и јас да се приклучам. Како на протест, и јас почнав да извикувам SCUMBAG NESCAFE! SCUMBAG NESCAFE! на ѕидот на компанијата. Седев пред монитор но, енергијата и единството беше толку силно, исто како во вистинска битка. Стануваше збор за повредена доверба, за проневера на чувствата, стануваше збор за нешто лично. Nescafe Hungary ја проневери довербата на повеќе од 46 000 членови што гласаа за  János. Nescafe го проневери мојот глас.

Бидејќи брендовите се како вистински љубовник, а онлајн животот се повеќе се прелева во нашиот физички живот, во оваа битка почнаа да се практикуват и добро познати воени техники. Почнаа да се појавуваат водачи кои даваат конкретни наредби кои се надградуваа со секоја нова идеја за напад.  Наредбите еден момент гласеа вака:

1.Пријави ја страната
2.Спамувај го ѕидот
3.Оди на Nescafe  каналот на YouTube и дислајкувај ги сите видеа
4. Оди на Nescafe Global Facebook страната, спамувај го нивниот ѕид
5. Одговори на анкетата: „Дали би сакале едно Nescafe во овој момент“ со одговор НЕ итн…

1 час помина одкако го прочитав followup-от од János и веќе бев меѓу првите редови во битката против Nescafe (во дадениот момент NESCAFAIL) . Спамирани беа Facebook страните на: Nescafe Hungary, Nescafe Global, Nestle Global, Nestle Crunch… Потоа најгледаното Nescafe видео Open Up, официјалниот YouTube канал на Nescafe заедно со сите нивни видеа. Паралелно се појавија  3 anti Nescafe страници: The 9gag army (официјалната страна на Janos) , Occupy unfairNes-cafe и Scumbag Nescafe. Twitter беше веднаш зад аголот!

Резултатите од офанзивата може да погледнете тука:

 
Битката се водеше до раните утрински часови на сите фронта. Веќе беше 06.00 часот. Сеуште никој од корпоративците не беше разбуден. Си реков, ако ништо не бидне од работава, барем направивме голема галама…. Дојде и 7 часот заедно со првата линија на одбрана – оневозможени коментари од корисниците на ѕидот на Nescafe Hungary. Втора линија на одбрана на Nescafe – едно анемично корпоративно обраќање кое ги објасни правилата на играта…. Ова мало обраќање доби околу 2 000 негативни коментари по што следеше изјава од големиот брат – Nescafe Global дека го разгледуваат случајот. 9gag армијата чекаше нo, спамот не престана. Се што беше Nescafe мораше да биде спамирано! Битката траеше цел ден и навлезе во ноќта. Тешко беше да се издржи но, спамот мораше да продолжи. 20.30 часот – трета синхрона одбрана од Nescafe Hungary и Nescafe Global: „Внимателно го разгледавме случајот и утврдивме дека правилата не се прекршени. Стапивме во контакт со  János и го уверивме во истото.” Таков одговор не можеше да скроти незадоволна и гневна армија. Мораше да се продолжи, па и целата следна ноќ ако е потребно и спамирањето продолжи.

За среќа, веќе следниот ден битката дојде до конечен епилог. Победа и за двете страни. Nescafe се вразуми и наместо пораки опишувајќи ги нивните правила,  донираше $5000 за училиштето каде што учи брат му на János и изјавија дека тој ќе добие посебен третман.

А јас? На крајот од оваа онлајн битка се почувствував посилен, сплотен и поподготвен да се соочам со проблемите што ме очекуваат во животот. Во оваа битка никогаш не стана збор за бизнис, не стана збор за корпорација, процедури и правила. За луѓето од 9gag оваа битка допираше до нешто лично. Верувам дека битката не само што придонесе János и неговиот брат да имаат посреќен Божиќ, туку верувам дека кај секој од учесниците го разбуди чувство за солидарност и човечност. Верувам дека тоа е и насоката во која ќе оди иднината на маркетингот и ќе служи како фокална точка околу која ќе се градат брендовите. Виртуелниот живот веќе не е виртуелен.

Прочитајте во следната статија како го гледам овој настан од перспектива на бренд менаџер. Кои се грешките што ги направи Nescafe и кои лекции можат да ги научат компаниите, посебно оние што функционираат мултинационално и на социјалните мрежи.

One thought on “NESCAFAIL – битката за правда опишана од страната на потрошувачите

  1. Многу груб чекор од страна на Nescafé! Се радувам што правдата победила! Сметам дека сé повеќе кликот во сајбер светот има ехо на крик во реалниот свет кои ги сплотува луѓето да се борат за одредена цел. Браво дечки за сајбер протестот се восхитувам на учесниците, да знаев порано секако ќе ви се придружев.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s